Во 2013 година на Светското првенство во Шпанија за мажи, во дресот на австралиската репрезентација настапи Калум Маунси.
Тој во меѓувреме го промени полот и се надеваше на настап на Мундијалот за жени во Јапонија, но тоа нема да се случи.
Селекторот на репрезентацијата на Австралија, Хеба Али одлучи да не ја стави на списокот Хана Маунси.
Таа играше за Австралија на првенството на Азија каде што го освоија петото место што им овозможи пласман на Светскотот првенство.
Хана Маунси откако стана жена со промена на полот се обиде да игра австралиски фудбал но не и беше дозволено па се врати на спортот во кој беше дел од репрезентацијата во машка конкуренција. Сега и тука наиде на бариера и не беше повикана за настап.
Австралија е аутсајдер на првенството, а доколку во составот беше Хана Маунси најголемото внимание на јавността сигурно ќе беше свртено кон неа.