Во текот на вчерашниот ден, екипата на Барселона се врати на тренинзите по изолацијата и утре ќе го одигра натпреварот со Алборг во Лигата на шампионите.
Тој дуел се игра од 18:45 часот во „Блаугран“, а веќе следните два дена каталонскиот гигант ќе има уште два меча од Асобал лигата.
Првиот е против Бенидорм, што беше откажан од претходно кога ривалот на Барса беше во изолација и ќе се игра на 30 октомври од 16:00 часот.
Третиот меч во 48 часа, избраниците на Чави Пасвквал ќе го одиграат на 31 октомври од 17:00 часот на гостувањето кај тимот на Сисне во Понтеведра.