Ковид протоколите диктираат: Елверум двапати гостин кај Барселона во Лигата на шампионите

Екипата на Барселона доби олеснување за двобојот од осминафиналето против Елверум бидејќи нема да има потреба од патување и двете средби ќе ги одигра на домашен терен.

Поради протоколите за Ковид 19 кои важат во Норвешка многу е тешко за некој тим да гостува бидејќи штом се влезе во земјата мора во карантин и затоа најдобрата варијанта е Елверум да игра како гост.

Според ова двете средби добија нови термини за одигрување. Првата која требаше да се одигра в среда на 31 март од 18:45 часот добива нов датум. Место среда ќе се одигра в петок на 2 април. Ова беше натпреварот кој требаше да се игра во Норвешка.

Реваншот место на 7 април во 20:45 часот ќе биде одигран два дена порано. Новиот датум е 5 април.

Нов термин има и за дуелот меѓу Мотор и Мешков брест кој место на 31 март ќе се игра на 1 април.