Новите тестирања на ракометарите и членовите на делегациите на Европското првенство донесоа зголемување на бројот на позитивни, а Ковид групата има два нови члена. Меѓу позитивните е ветеран играч на Данска и стратегот на триколорите.
Линдберг вчера го одигра 275. натпревар во дресот на Данска, но ќе мора да ги пропушти следните три дуели од Групата 1 од Втората фаза поради позитивниот тест. Доколку биде негативен после петте дена карантин ќе може да смета на настап веројатно во полуфиналето со оглед на тоа што Данска е на пат да се пласира во битката за медалите.
Данска утре игра против Хрватска, в понеделник против Холандија, додека дербито против Франција ќе биде одиграно в среда.
За ова дерби ослабена ќе биде и Франција бидејќи нема да може да смета на селекторот Гијом Жил кој исто така има позитивен тест. Легендата на Французите нема да може да ги води своите ракометар утре против Исланд, потоа в понеделник против Црна Гора и в среда против Данска.
Ова може да биде и проблем за Французите кои имаат одличен ритам и се на пат кон пласман во полуфиналето бидејќи досега се на максимум и немаат пораз.