Во Португалија не го забораваат голманот кој почина откако доби срцев удар за време на тренинг, а после неколку дена ја загуби битката во болница. Веќе е подготвена книгата која ќе биде издадена во негова чест, а промоцијата се подготвува за средината на септември.
Книгата го носи насловот – Алфредо Кинтана: Извонредниот воин. Според информациите истата ќе има 160 страници, а ќе биде посветена на животот на Кинтана.
Ќе бидат опфатени неговиот живот и кариера. Во нејзиното пишување голема помош имало од семејството, пријателите, поранешните колеги, тренерите… а ја напишале новинарите Ана Филипа Гомез и Руи Гимараеш.
Информациите говорат дека книгата ќе чини 14,4 евра, а правата ќе бидат префрлени на семејството на Алфредо Кинтана.
Тој беше прв избор за голот на репрезентацијата на Португалија, а беше натурализиран Португалец со потекло од Куба. Имаше 33 години кога почина.