Тимот на КЛ7 реди победи во разигрувањето за опстанок во суперлигашкото друштво. Избраниците на Игор Котевски го забележаа четвртиот триумф, овојпат над Младост Богданци со 35-31.
Домашните водеа со 3-1 и 5-3, но гостите направија пресврт и го преземаа водството, 5-6. Имаа богданчани и плус два, но набрзина ги загубија. По 11-11, КЛ7 направи серија за 14-11, а на пауза се замина со предност за домашните, 15-13.
На стартот на вториот дел, богданчани се вратија во игра и израмнија на 17-17, но тоа беше се од нив. КЛ7 се одлепи на 20-17, гостите намалија на минус два, но по 24-19 веќе немаше назад за нив.
До крајот домашните ракометари рутински го контролираа резултатот и успеаја да остварат четврта победа.