Ракометарите на КЛ7 забележаа триумф во последното коло од суперлигашкиот плеј-аут. Избраниците на Игор Котевски прославија пирова победа над составот на Работнички со 39-34.
Домашните тргнаа подобро, поведоа со 3-1, но КЛ7 веднаш се врати на 3-3 и оттогаш најчесто се играше гол за гол. По 13-13 во финишот на полувремето гостите се одлепија на плус два, 13-15, а на паузаа заминаа и со предност од три гола, 16-19.
Во второто полувреме набрзина КЛ7 обезбеди и плус четири, 17-21 и до крајот рутински ја одржуваше оваа предност. Работнички на моменти успеваше да намали до минус два, но немаше ниту време ниту сили за комплетен камбек.
Ова беше наважен натпревар на двете екипи, па практично играа без одбрани и до крајот беа постигнати 73 гола. Најдобри стрелци кај победникот беа Ѓорѓиев со десет и Симоноски со девет гола, додека кај Работнички, Ончев даде осум гола.