Најмладиот суперлигаш КЛ7 во деби сезоната од елитната конкуренција ќе настапува во нова сала.
Натпреварите од Првата лига и од младинските конкуренции, во минатата сезона КЛ7 ги играше во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Иако имаше комбинации да се пресели во СЦ „Јане Сандански“, сепак КЛ7 суперлигашките средби ќе игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Во првото коло КЛ7 игра дома против Охрид, а тој дуел е на програмата в петок од 19:00 часот со пренос на Македонската Телевизија.