Виктор Василевски и Глигор Гајиќ се новите имиња кои од следната сезона ќе ги бранат боите на најмладиот ракометен клуб во Македонија, КЛ7.
Овие младински репрезентативци кои имаат и суперлигашко искуство доаѓаат од тимот на Металург 2.
Василевски заедно со Петковски ќе го сочинуваат голманското дуо, додека Гајиќ ќе ја зголеми конкуренцијата на средната бековска позиција.
Претходно тимот се засили со десниот бек од Еурофарм Пелистер 2 – Андре Буторац, а голманот Андреј Петковски го продолжи договорот до 2022 година.