Екипата на КЛ 7 која пред прекинот на првенството поради ситуацијата со коронавирусот се наоѓаше на 2. позиција во Групата 2 од Првата машка лига и го имаше обезбедено местото во пеј-оф групата во која ќе се разигруваше за пласман во Супер машката лига.
Сепак, бидејќи сезоната е во прекин уште не се знае како ќе се одвива целата ситуација. А додека трае паузата, во КЛ 7 не се мирува туку клубот се пререгистрираше и сега се вика Голден Арт КЛ7. Промената е направена во Центрачниот регистар на Македонија, а наскоро ќе се изврши и во АМС. Тоа значи дека во иднина и РФМ ќе го користи новото име.
Сè останува исто како и досега и нема да има промени во раководството. И досега компанијата што е сега „тајтл спонзор“ беше дел од клубот. Сега сигурно и амбициите ќе пораснат, односно пласман во Супер лигата би требало да биде реалност.
Во екипата и досега играа млади ракометари од кои добар дел се во помладите категории од репрезентацијата. Се продолжува во ист стил односно шанса ќе добиваат претежно млади и перспективни ракометари и таленти.