Ракометарите на Пролет дојдоа до победа на дуелот против КЛ 7 во меч кој имаше 60 минути динамика и возбудувања. Домашните го имаа искусниот Ангелов кој во клучните моменти бранеше одлично и запре три пенали и неколку зицери, па победата за Пролет на крајот беше изразена со три гола, 23:20.
Со оглед на тоа како расте формата на ракометарите на КЛ 7 беше за очекување ова да биде интересен дуел односно натпревар на кој ќе има возбудувања кои ќе траат 60 минути.
Од почетокот на средбата имаше големо надигрување. И едниот и другиот тим имаа свои моменти. Главно Пролет беше во предност, а КЛ 7 се обидуваше да направи пресврт. Сепак, во овие обиди се доаѓаше до нерешен резултат, но не и до нешто повеќе.
Таквиот ритам, сепак, овозможи само да се одржува неизвесност, па таквиот ритам овозможи тимот на Пролет постојано да е во минимална предност. Играчите на КЛ 7 кога ќе се обидеа да израмнат се соочуваа со Ангелов и не успеваа да дојдат до подобар тек на настаните.
Оттаму на крајот бодовите останаа за екипата на Пролет, па второто место останува и понатаму најблизу до ракометарите на овој тим. За КЛ 7 уште постои надеж за заплј-оф, но ќе мора тоа да се одработи до крајот на високо ниво доколку се сака пласман во главната лига напролет.