Екипата на КЛ 7 дојде до победа од 31:26 против Радовиш во натпревар од 9. коло од групата А во Супер машката лига во кој дојде до важни бодови во трката за плеј-оф.
Со овој пораз составот на Радовиш практично заостанува во трката за плеј-оф позициите и ќе биде навистина тешко да се дојде до посакуваното.
Ова беше интересна средба на која имаше интересно прво полувреме. Радовишани тргнаа подобро и наметнаа свое темпо. Сепак, некаде на средината од првиот дел се виде подобра игра од домашните кои почнаа подобро и успеаја да се изборат за пресврт. Дојдоа до подобар резултат и успеаја да финишираат со предност на крајот од првиот дел од 16:15.
После овој резултат работите тргнаа на подобро во вториот дел од средбата. Младите ракометари на КЛ 7 дојдоа до зголемување на водството. Имаа контрола и ги имаа расположените Симоноски, Димовски и Ѓорговски, па Ивица Илиев не можеше сам против нив и тука веќе беше јасно каде одат бодовите.
КЛ 7 на крајот се радуваше на три бода и ова е победа која води кон продолжение на битката за пласман во плеј-офот каде што до крајот ќе има трка со Струга и Пролет.