„Клуб-репрезентација, решение за да не бидеме ’топовско месо’ на ЕП 2022“

Како поранешен селектор на Македонија, кој ги има постигнато и најголемите успеси, Владимир Радиќ внимателно следи што се случува во женскиот национален тим и како течат подготовките на селекцијата за Европското првенство во 2022 на кое Македонија ќе биде домаќин заедно со Словенија и Црна Гора.

Според него потребен е прво сериозен филтер и селектирање на најдобрите, а потоа да се формира клуб-репрезентација која ќе се натпреварува во домашното првенство.

„Симе Симовски е добар стручњак, но не ми се јасни некои негови потези околу селекцијата. Зема едни млади играчи, па се откажа од нив, па зеде други, па сега зема и нова генерација. Потребна е точна проценка на играчот, а за тоа има медицински прегледи и техничко-тактички и функционални проверки, и ако тоа се направи тој ќе ги најде вистинските за националниот тим. Потоа, со оглед на кусото време да се формира клуб-репрезентација кој ќе се натпреварува во домашната лига и плус да настапува на меѓународни турнири со други селекции за до може до ЕП 2022 да пораснат како екипа. Имаме перспективни и квалитетни играчи, само треба добра стратегија и многу работа. Ќе бидеме домаќини на ЕП 2022 и мора да се подготвиме, не смееме да бидеме ’топовско месо’“ – дециден е стратегот.

Комплетното интервју со Радиќ прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР РАДИЌ: Кометал Ѓорче Петров стана шампион на Европа со два комплета дресови!