Екипата на Балинген во следната сезона ќе се врати во најсилната лига на светот, поточно во Првата Бундес лига, откако успеа да победи во второто по квалитет натпреварување во Германија.
Балинген минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во најсилното германско натпреварување и се пресели во Втората Бундес лига, во која го даде својот максимум и повторно избори учество во најдобрата лига.
За второто место, кое исто така носи директен пласман во Првата Бундес лига, во голема борба се Ајзенах, Десау, Либек и Нордхорн. До крајот од тековната сезона има уште три кола, но екипата на Балинген е убедливо прв на табелата.
За старо-новиот учесник во Првата Бундес лига имаат настапувано неколку играчи од Македонија. Дресот на Балинген го има носено левиот бек на македонската репрезентација Филип Талески, како и двајцата поранешни репрезентативци Влатко Митков и Владимир Темелков.
Во 2006 и 2019 година, екс клубот на Талески, Митков и Темелков, го освои шампионскиот пехар во Втората Бундес лига. Балинген е основан во 2002 година.