Клубовите и РФМ се договорија: Ракометниот Супер Куп на 11 септември во Охрид

Најавуван за крајот на август во Скопје, машкиот ракометен Супер куп сепак ќе се одигра во првата половина на следниот месец, за што се договорија двата клуба, Вардар и Еурофарм Пелистер, и РФМ. Договорениот термин е 11 септември, а повеќе од сигурно е дека домаќин ќе биде Охрид и салата „Билјанини Извори“.

Една од опциите што била понудена од страна на РФМ била и Гевгелија, но двата клуба го одбиле тој предлог. Втората опција била Охрид, и за таму двата клуба дале позитивно мислење. Во понеделник треба и градот Охрид да се изјасни за предлогот, но повеќе од сигурно е дека тој ќе биде прифатен.

Претходно Ракометната федерација на Македонија се обратила до двата клуба со предлог натпреварот да се игра на отвореното игралиште „Камин Кама“ во Ѓорче Петров и да биде дел од женскиот турнир што го организира шампионот Ѓорче Петров од 26 до 28 август.

Клубовите се изјаснија дека тој терен е нессодветен з атакво натпревар, и особено тој термин бидејќи двете екипи се подготвуваат за настап во четвртфиналето на СЕХА лигата и им ареални шанси и двата тима да играат на завршниот Ф4 во Задар.

Суперкуп на Македонија, историја:

2017 година Вардар – Еурофарм Пелистер 30-25 (СЦ Јане Сандански)
2018 година Вардар – Металург 33-24 (Отворено игралиште Горан Попоски Бабец)
2019 година Вардар – Металург 26-24 (Спортска сала Куманово)
2021 година Еурофарм Пелистер – Вардар 31-22 (СЦ Борис Трајковски)