Нашата ракометна легенда Гордана Нацева скоро две децении ја носеше капитенската лента во националниот тим, со иста улога го испиша и најголемиот женски клупски успех со Кометал Ѓорче Петров, а потоа и како претседателка на ЖРК Вардар одново пишуваше историја.
Со сето искуство собрано вели дека не е некоја голема мудрост зошто во нејзино време женскиот ракомет доживеал ренесанса.
„Не е некоја голема мудрост – ние бевме клуб репрезентација! Сите што игравме во Кометал, Македонките, секако, бевме репрезентативки и плус натурализираните. Подготовките или тренингот за Кометал ни беше тренинг за репрезентација и обратно. Во милион случаи тренерот на Кометал бил селектор во репрезентација и тоа го гледам како најдобро решение. Мислам дека тоа е најдобро решение за нас. Јас како дел од УО на РФМ навистина имам желба, таа селекција од 40 девојчиња од цела Македонија што се направи, најтранспарентно, да го тргнеме субјективизмот и да го одбереме најдоброто. На тие девојчиња да им ги дадеме најквалитетните тренинзи, најдобри тренери и потоа да бараме од нив резултат. Ако во моментов Металург има десет репрезентативки, останатите да ги приклучиме со два-три тренинзи неделно и тоа да биде во континуитет. Клубовите да ги ставиме во функција на репрезентацијата. Затоа што во ваков едностепен систем на натпреварување нема ни кој да испадне од Лигата, ниту кој да влезе, нема мотив, и важно е само да бидеш прв или втор и ако си шампион или освоиш Куп, ако имаш амбиции и што е најважно, сретства за да излезеш во Европа“, потенцира Нацева и додава: „Вардар во иднина го гледам како клуб-репрезентација, тоа би сакала да биде и верувам дека тоа е рецептот за да направиме нешто во нашиот женски ракомет.“
Комплетното интервју со Нацева прочитајте го во продолжение…