Поранешната ракометарка на Вардар, црногорката Андреа Кликовац за медиумите во Црна Гора говореше за атмосферата во незиниот сегашен клуб ЧСМ Букурешт. Таа е презадоволна од шансата што ја има да игра во двата правци, а исто така игра со многу ракометраки со кои се познава што и го олеснува претсотојот во Романија.
„Се чувствувам многу добро, имаме многу натпревари и времето брзо поминува. Мислам дека сум поподготвена од било кога и играм во двата правци што е многу важно за мене. Букурешт е ракометен град, салата секогаш е полна, а поддршката од навивачите ни значи. Салата е полна во домашното прванесто, па можете да замислите како е во Лигата на шампионите. Во Унгарија не се снајдов најдобро, а ЧСМ Букурешт би го споредила со Вардар“, изјави Кликовац.
Букурешт од почетокот на сезоната има многу проблеми, двете најдобри ракометарки Неагу и Мерк се повредени, а исто така Лекиќ постојано се жали на болки. И покрај тоа тие имаа добри настапи во Лигата на шампионите каде што забележаа две победи и еден нерешен исход.
Андреа Кликовац е дел од репрезентацијата на Црна Гора која ја очекува настап на Светското првенство во Јапонија.