Поранешната вардарка, Андреа Кликовац одлучи да стави крај на репрезентативната кариера после Олимписките игри во Токио и да им се посвети на обврските на клупски план.
Таа беше дел од составот на Црна Гора една деценија така што одлучи дека е доволно.
„Секоја среќа и многу успех и посакувам на репрезентацијата во иднина. Се надевам дека девојките ќе носат уште радот и медали за Црна Гора. Со националниот тим учествував на многу големи натпреварувања и како тим направивме многу за нашата земја. Смедам дека и на последното големо натпреварување на Олимписките игри во Токио исто така постигнавме голем успех“, вели Кликовац.
Таа како јуниорска репрезентативка освои бронзен медал на Европско првенство, а во 2012 година стана Европски првак со сениорската репрезентација.