Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, се најде во центарот на вниманието на ракометната јавност во Франција, откако со спектакуларен погодок, донесе победа на Нант.
Сирената оначи крај на мечот меѓу Шамбери и Нант 28-28, а остана само да се изведе завршниот удар од девет метри. Но Лазаров не се задоволи со поделба на пленот, и погоди од девет метри, преку жив ѕид за голема победа.
Нант губеше со 28-26, но во финишот го сврте мечот во своја корист. Лазаров освен што го постигна победничкиот погодок, успеа да постигне уште пет голови и беше најдобар стрелец.
Погледнете ја „бомбата“ на Лазаров од девет метри….