Ракометарите на Кичево во рамки од 9.коло од Првата лига славеа на гостувањето во Штип кај Текстилец, со резултат 36:24.
Гостите од Кичево од првата, па сѐ до последната минута беа во водство и заслужено се радуваа на новите бодови.
Домаќините издржаа до првото полувреме, кое заврши со три гола разлика за гостите, 13:16. Кичево во вториот дел започна сериозна да се одлепува и на домаќинот не му дозволи да има било какви шанси за приклучок во денешниот дуел.
Најефикасни во победничката екипа беа Кристијан Смилески со 11 и Стефан Стафаноски со десет гол. Во поразениот табор се истакна Стојанче Ристов со осум реализации.