Кичево и Делчево се враќаат на машката ракометна мапа во Македонија

Во новата сезона од натпреварувањето на домашна сцена ќе има и нови пет екипи, а меѓу нив дел се и повратници бидејќи претходно веќе имаат играно.

Меѓу пријавените состави се најдоа составите на Кичево 2020, Делчево и три тима од Скопје. Се работи за Драчево, Скопје и Шампион.

Ова е добро за ракометот бидејќи се појавуваат нови клубови, а со тоа се зголемува и можноста за зголемување на бројот на ракометари кои се активни. Со ова секако и ракометот како спорт добива на популаризација.

Наскоро ќе биде познато и кога ќе биде ждрепката за Првата машка лига, а секако ќе се знае и како ќе изгледа лигата. Поточно дали во новата сезона ќе се игра во една или одново во две групи.