Македонскиот шампион Ѓорче Петров за новата сезона повторно ќе може да смета на услугите на Слободанка Кицеска.
23-годишната голманка во редовите на Ѓорче Петров пристигна пред две сезони од Чаир и со тимот на „лавиците“ освои две шампионски титули во домашниот шампионат.
Искусната голманка, која потекнува од Стружанка, во својата кариера бранеше и за некогашниот македонски шампион Вардар.
На репрезентативно ниво има забележано настапи за младинската репрезентација на Македонија и неколку пати беше дел од поширокиот список во сениорскиот национален тим.
Ѓорче Петров претходно се засили со голманката од Вардар, Јована Трајкоска, па така тренерот Симе Симовски во новата сезона ќе има квалитетно голманско дуо.
Од Вардар во Ѓорче Петров – Трајкоска е прво засилување во македонскиот шампион