Рускиот ракометар Димитриј Киселев во Вардар помина само една сезона, но во таа сезона и ја освои Лигата на шампионите.
Дел од Вардар Киселев беше во сезоната 2018/2019, а потоа од Скопје се пресели во Чеховски Медведи. Во интервју за рускиот „Брз Центар“ една од темите за Киселев беше и периодот во Вардар.
Иако времето беше кратко сепак Киселев има убави спомени од тој период.
„Во Вардар поминав тешка една година, немав многу време да се навикнам. Имам измешани чувства од тој период, ја освоив Лигата на шампионите. Емоциите од тој настан секако се неверојатни, се паметат за цел живот. Целата екипа тогаш беше како едно семејство, сите бевме едно“.
Киселев направи споредба на руското со македонското првенство.
„Руската Суперлига е посилна. Во Македонија има само неколку силни екипи, останатите се повеќе аматерски. Но, ми се допадна животот во Скопје, станува збор за забавен и евтин град. Луѓето во Македонија го сакаат ракометатот, како што се сеќавам на трибините секогаш имаше многу гледачи кои навиваа за нас и не поддржуваа“, изјави Киселев.