Голманот на Нант, Сирил Димулан, стигна до голем јубилеј од 3.000 одбрани во францускиот шампионат. Тој во интервју за француските медиуми покрај за себе, зборуваше и за нашиот Кире Лазаров.
Капитенот на македонската репрезентација беше клучен во победата над Шамбери, со голот по истекот на времето. Димулан е воодушевен од Кире и од неговиот пристап кон ракометот.
„Кирил, тоа е искуството. Тој доживеел вакви ситуации, можеби 15 или многу повеќе пати. Можеби не биле сите успешни, но знае како да се справи кога има таква ситуација. Исто така знае дека последиците не се добри. Во таквите моменти, мислиш дека животот ти зависи од тоа. Но, тоа е само ракометен натпревар. Дури и да промашиш, ова не е натпревар на кој бркаш победа за финале. Кирил е дете на 39-годишна возраст, навистина е пасиониран. Доаѓа на тренинг да се забавува, физички е максимално подготвен. Се познава себе си, си ги знае физичките лимити, не ризикува. Ако можам да бидам добар како него на 39 години, веднаш би потпишал. Тој има некаква форма на невиност, едноствно си игра со раката. Можеби затоа е добар шутер. Дури и кога шутира, тој игра со голманот, со просторот, навистина е комплетен играч“, завршува Димулан со низа комплементи на сметка на Лазаров.