Екипата на Нант продолжува со одличните игри во најсилната лига на Франција каде што денеска во 5. коло беше забележана победа од 39:20 на домашен терен против екипата на Трембле.
Нант беше одличен од почетокот на средбата и ова беше само средба на која неизвесна беше разликата со која на крајот ќе биде завршен овој дуел. На теренот Нант го предводеше Кирил Лазаров, кој имаше одличен ден. Тој беше најефикасниот играч со девет погодоци, а имаше и висок процент на реализација со оглед на тоа што кон голот на Трембле упати вкупно 11 удари.
Во чекор со Нант е и Монпелје кој исто така има еден пораз, па двете екипи имаат по осум бода, а до утревечер ќе бидат израмнети со тимот на ПСЖ бидејќи шампионот на Франција утревечер ќе го одигра својот меч од 5. коло.
ФРАНЦИЈА 1
РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО
ИСТР – КРЕТЕЈ 32:30 (16:16)
ИВРИ – ШАМБЕРИ 28:24 (14:14)
МОНПЕЛЈЕ – ШАРТР 29:25 (15:12)
НАНТ – ТРЕМБЛЕ 39:20 (20:11)
ТУЛУЗ – ЕКС 27:27 (11:11)
ДАНКЕРК – СТ. РАФАЕЛ 27:25 (11:9)
ЧЕТВРТОК, 3 ОКТОМВРИ
20:45ч
НИМ – ПСЖ
ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 8 бода (137:112, -1 меч); 2. Монпелје 8 (143:127); 3. Екс 8 (139:126); 4. Нант 8 (163:126); 5. Истр 6 (137:148)…