Тимот на Ле Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, имаше одлично загревање пред стартот на новата сезона.
Ле Самбр Авенуа освои турнир во Италија, со три победи – две над италијанскиот првак Ериче и тимот на Понтинија, како и еден триумф над норвешкиот Нит Хак.
Најпрво беше совладана Понтинија со 41-26, потоа Ериче со 30-25, а на крај норвешкиот тим со 40-14.
Кипријановска имаше одлични партии на овој турнир во Италија и беше дел од идеалниот тим.
Втората лига на Франција почнува викендов, а Кипријановска и нејзиниот тим играат дома против Песак.