Македонската репрезентативка Јована Кипријановска, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, заедно со екипата на Ле Самбр Авенуа се радуваа на нова победа.
Во натпревар од Втората лига во Франција, тимот на Кипријановска беше подобар од Ахенхајм, триумфираше со три гола разлика, 29:26.
Меѓу најдобрите на теренот беше екс ракометарката на Куманово. Кипријановска во мрежата на гостинот постигна четири погодоци и одигра солидно и во одбраната.
Екипата на Ле Самбр Авенуа се наоѓа на 4. позиција на табелата со биланс од девет победи и пет порази, односно има 32 бода на свое конто.
Кипријановска во досегашниот тек од сезоната во второто по ранг натпреварување во Франција постигна 48 погодоци.