Тимот на Ле Самбр Авенуа, предводен од македонската репрезентативка Јована Кипријановска, славеше на гостински терен во Втората лига на Франција.
Ле Самбр Авенуа победи минимално со 29-28 кај Ле Авр, иако водеше со 11 погодоци во текот на натпреварот.
Најдобра на теренот беше Кипријановска, која беше прогласена за МВП на мечот, откако постигна осум гола од 12 обиди.
Покрај тоа Кипријановска подели четири асистенции, а заработи и црвен картон во последната минута по три исклучувања.
Ле Самбр Авенуа е на петтото место на табелата со 26 бодови и биланс од седум победи и пет порази. Следен предизвик за тимот на Кипријановска е гостувањето кај Тулуз.