Тимот на Ле Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, ја продолжува битката за пласман во најквалитетната конкуренција во Франција.
Ле Самбр Авенуа славеше на домашен терен убедлива победа против Ле Авр со 29-20 и сега има 44 бодови.
Кипријановска беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци од шест обиди.
Ле Самбр Авенуа со 44 бодови (за триумф се добива три бода) се наоаѓа на петтата позиција на пет кола до крајот, додека Стела Сен Маур и Ашхајм со 53 и 52 бода се на првото и второто место кои водат ранг погоре.
Во следното коло Кипријановска и нејзиниот тим ќе одат на гостување кај составот на Рен Метропол.