Ракометната федерација на Белорусија објави дека од следната сезона и кинеска екипа ќе игра во најсилната машка конкуренција.
Станува збор за екипата „Ист Кина“, која ќе биде седма екипа по Брест, СКА Минск, Машека, Кронон, Гомел и БГУФК СКА.
Според планот, првенството треба да почне меѓу 7 и 10 септември, а по двокружно играње, односно 24 кола (по два пати секој со секого), ќе има разигрување.
Екипите од 2 до 7 место ќе играат четвртфинале. На победниците од тие три дуели ќе им се придружи првопласираната екипа од регуларниот дел и ќе бидат формирани двете полуфинални двојки, а победниците од тие натпревари ќе се борат за титула.
Титулата ја брани екипата на Мешков Брест.