Екипата на Кил тргна на пат и вечерва треба да пристигне во Скопје каде што утре му гостува на Вардар во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите. Тренерот Филип Јиха не можеше да ги поведе сите ракометари бидејќи дел од нив мораа да останат дома.
Како што е веќе познато Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд беа позитивни на Ковид 19 и тие не беа во можност да тренираат во последните денови. Воедно мораа во карантин, а уште немаат добиено дозвола за да го завршиот истиот така што остануваат и понатаму во изолација.
Оттаму Кил останува без двајца клучни ракометари, па практично на ова гостување Јиха ќе ги има на располагање истите играчи со кои во неделата го загуби дербито против Магдебург во Бундес лигата со 27:29.
Gute Reise, Jungs! Kiel 👉 Lübeck 🔜 Skopje. #WirsindKiel #aufgehtsTHW #ehfcl pic.twitter.com/b5r0n9Bc0F
— THW Kiel (@thw_handball) October 26, 2021
Натпреварот утре се игра во СЦ „Јане Сандански“. Почетокот на средбата е закажан за 20:45 часот.