Кил игра важен натпревар против Веспрем во Лигата на шампионите на кој со победа ќе го обезбеди првото место и директен пласман во четвртфиналето. Сепак бундеслигашот се соочува со проблеми пред натпреварот, двајца играчи кои играат важна улога во нападот и одбраната најверојатно ќе го пропуштат дуелот.
Пикерот на Кил и репрезентацијата на Германија, Патрик Винцек на последниот натпревар во Бундес лигата против Ерланген доживеа потрес на мозокот и нема да може да му помогне на својот тим. Сè уште не е познато колку ќе биде надвор од терените.
Исто така Никола Билик го пропушти натпреварот против Ерланген, а е неизвесен и за дуелот од Лигата на шампионите заради инфекција. Отсутввото на овие двајца играчи е добра шанса за Веспрем со победа да се израмни со Кил на првата позиција и да се бори до крај за директен пласман во четвфиналето.