Повредата на Никлас Ландин е причина шампионот на Германија да мора да најде привремено решение за голманската позиција, а со оглед на тоа што е тешко во моментов да се најде играч кој би можел да одговори на потребата на клубот за два месеци бранење мораше тоа да се побара во тренерот на голманите.
Матијас Андерсон кој пред две години ја заврши кариерата и има 42 години, бранеше за Кил од 2001 до 2008 година. Од 2018 година кој заврши со играњето во Флензбург, тој стана тренер на голманите на Кил, а две години беше паралелно и тренер на голманите на Австрија.
Со оглед на тоа што на Филип Јиха му треба голман кој ќе ја пополни празнината со неиграњето на Ландин, а треба да биде голман со искуство, Андерсон може да одговори на потребите и ќе брани во следните два месеци.
Ова значи дека легендата од Шведска одново ќе застане на голот на Кил, а каква поддршка ќе биде за Дарио Квендштет ќе се види веќе на следните натпревари.