Битката за титулата во Бундес лигата станува сѐ поинтересна, откако дерби дуелот во 26. коло меѓу Кил и Магдебург заврши без победник, 34:34.
Иако Магдебург во најголемиот дел беше во резултатска предност, имаше 21:18 на полувреме, сепак, не успеа да издржи до крај и мораше да се задоволи со само бод.
Најефикасен во тимот на Магдебург беше репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс со десет постигнати погодоци, осум реализации имаше Гисли Кристијансон.
Листата на стрелци кај Кил беше предводена од Никлас Екберг со девет погодоци.
Ракометарите на Магдебург дојдоа до 41 бод, ист број на бодови имаат и Фуксе Берлин и Кил.
Во игра за титулата сѐ и Фленсбург и Рајн Некар, кои на 15 април ќе имаат меѓусебен дуел. Фленсбург има 39 бодови, два бода помалку на свое конто има Рајн Некар (37), кој денес ќе против Гумерзбах.