Екипата на Кил откако сезонава не успеа да го наговори Сагосен да ја продолжи соработката после 2023 година кога му завршува договорот, се договори со Австриецот Никола Билик да остане дел од „зебрите“ до летото во 2024 година.
Тој е веќе шест години во клубот и ќе продолжи да работи, а во Кил се задоволни што ракометарот кој има украински корени ќе продолжи да игра за тимот. Билик се одлучи да го носи дресот на селекцијата на Австрија така што со оваа репрезентација веќе забележа настап на неколку големи натпреварувања.
„Неверојатно е убаво што можам да продолжам да го живеам мојот детски сон. Би сакал да придонесам уште многу за Кил во следните години. Сакам да бидеме максимално успешни“, коментираше Билик после добиваањето на новиот договор кој е со траење од две години.
Билик имаше тежок период бидејќи поради тешка повреда беше надвор од терените околу една години. Сепак, сега одново е во форма и може да го дава максимумот на терен.