Кил го „збриша“ Фленсбург во бундеслигашкото дерби

Иако натпреварот од 27. коло во Бундес лигата меѓу екипите на Кил и Фленсбург требаше да биде дерби, од тоа немаше ништо.

Ракометарите на Кил со убедливата победа од 29:19 за момент го сочуваа првото место на табелата во најквалитетната лига на светот.

Најефикасен во редовите на домашната екипа беше Никола Билик со седум погодоци. Кај поразениот табор Емил Јакобсен ги предводеше стрелците, имаше пет реализации.

За потсетување, на првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран на 12 декември, двете страни покажаа различна игра, па така Фленсбург против ,,зебрите” триумфираше со 13 гола разлика, 36:23.

И покрај денешниот пораз, тимот на Фленсбург останува во борба за лидерското место, но до крајот ќе треба да го даде максимумот и да се покаже во подобро светло.

Во игра за титулата се и екипите на Фуксе Берлин, Магдебург и Рајн Некар.