Кизиќ: Ни фалеа многу играчи во ротацијата, ова беше тежок меч за нас

Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Татабања со 25-21, па сега ќе мора да чека два порази на Ним во последните две кола, за да остане во игра за првото место на табелата во групата Д.

Голманот Марко Кизиќ собра девет одбрани и беше меѓу најдобрите поединци во тимот на битолчани.

„Татабања играше добро и ја заслужи победата. Ние бевме блиску до самиот крај, кога паднавме во ритамот. Ова беше тежок натпревар за нас бидејќи нни фалеа многу играчи во ротацијата. Ние бевме мотивирани, се боревме, но направивме неколку грешки во одбрана и напад. Се случи тоа што се случи, ние ќе се концентрираме сега на следниот натпревар“, изјави Кизиќ.

Последниот предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде домашниот натпревар против грчкиот АЕК Атина во Битола на 8 март.