Екипата на Еурофарм Пелистер лесно обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако во полуфиналниот дуел против Пролет триумфираше со
Пелистерци уште на почетокот наметнаа цврста одбрана, по која се отвораше можноста за брза транзиција и брзи полокунтри и контри, па така битолчани стигнаа до рутинска победа.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ, доби голема минутажа во дуелот со скопскиот тим.
Кизиќ истакна дека сериозниот пристап бил клучен фактор за убедливата победа над Пролет.
,,Клучот за победата беше мотивираноста на самиот старт, бевме максимално фокусирани бидејќи знаевме дека се работи за важен дуел од Купот, полуфинале, знаеме кој е влогот, во Куп натпреварувањето секогаш е еден натпревар и не смееш да си дозволиш никаква грешка, ниту опуштање. Имавме сериозен пристап и тоа беше клучниот фактор за победата. Кој и да биде противник во финалето ќе се подготвуваме подеднакво, ќе бидеме мотивирани, станува збор за две квалитетни екипи, тоа го видовме во текот на сезонава, мене ми е сеедно, па кој и да биде ривал во финалето, одиме на победа. Триумфот над Вардар минатиот викенд може да го зголеми само мотивот уште повеќе да се бориме и да посакуваме позитивен резултат. Во оваа сезона че чувствувам одлично, подготвено и со повеќе самодоверба”, изјави Кизиќ.
Еурофарм Пелистер во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Финалето од Купот на Македонија е закажано за в сабота, со почеток од 18:00 часот.
Еурофарм Пелистер по 14 пат ќе игра финале на Куп откако „лесно“ го реши Пролет
Јовиќ: Ги поштедивме оние што беа уморни – другите одлично ја завршија работата