Некогашниот ас на Металург, Халил Јагањац, многу веројатно следното лето ќе си замине од хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Според хрватскиот „Глас Славоније“, хрватскиот репрезентативец потпишал преддоговор со полскиот шампион Келце и би требало да биде големо засилување за тимот на Талант Душебаев.
На левата бековска позиција Келце ги има Кулеш, Сичко, Даниел Душебаев и Гебала, позајмениот Пеливан, но Талант го сака и Јагањац во тимот.
Иако полскиот тим сакал уште ова лето да го ангажира Јагањац, со оштета, Нексе сепак не се согласил на таа варијанта, па Хрватот ќе го одработи договорот со сехалигашот.