Ракометарите на Келце остварија сигурна победа во реванш натперварот во четвртфиналето од Лигата на шампионите провит Монпелје со 30:22 и го потврдија пласманот на завршниот турнир.
Келце беше доминантен во текот на сите 60 минути, а со предноста која ја имаа од првиот меч од три гола одиграа мирно за нов пласман во Келн. Избраниците на Талант Душебаев уште по првиот дел беа многу блиску до фајнал-фор кога водеа 15:8.
Во второто полувреме Келце играше рутински и сигурно чекореше кон победа. Ракометарите на Монпелје немаа никакви шанси да се вратат во натпреварот и да направат изненадување.
Најефикасен во тимот на Келце беше Арцем Каралек со седум гола, а по четири гола постигнаа Наи и Турна. Во составот на Монпелје најпрецизен беше Жулиен Бос кој постигна седум погодоци.