Младиот ракометар од Шведска, 19-годишниот Елиот Стенмалм место во 2023 година, ќе дојде во Келце една година порано откако преговорите меѓу шампионот на Полска и тимот на Редбергслид имаа позитивен епилог.
Договорот падна за Стенмалм да биде ослободен од обврските многу порано од планираното така што тој дефинитивно ќе пристигне во Полска, но уште на крајот од оваа сезона.
„Голема благодарност до Редбергслид за разбирањето. Убаво е да се комуницира на ваков начин. мило ми е што трансферот е можен уште на крајот од оваа сезона“, изјави претседателот на Келце, Бертус Сервас.
Ракометарот од Шведска и Келце имаат договор на три години, а место во 2023 година, истиот ќе стартува една година порано.