Двата најдобри полски тима, Келце и Висла Плоцк на лето ќе имаат големи промени во ростерите. Тимот предводен од Талант Душебаев ќе остане без тројцата ветерани, Мариуш Јуркевич, Криштоф Лијевски и Матеуш Јахлевски.
Јахлевски по 14 години си заминува од Келце поради семејни причини, иако Душебаев и Сервас му понудиле нова соработка и за следната сезона. Другите двајца ветерани, Јуркевич и Лијевски можно е да ја завршат кариерата, додека Јахлевски би можел да продолжи во Гдањск.
Јуркевич или Лијевски би можеле да му станат помошници на Душебаев на клупата, ако Зорман реши да ја прифати понудата за преземање на Целје. Заминуваат Агинагалде и Гуијо, на нивно место на пивотменската позиција ќе дојдат Турна и Качор.
Ќе има измена и десно крило, каде на местото на Блаж Јанц, ќе дојде исландскиот интернационалец Сигвалди Гудјонсон, а уште еден Исланѓанецот, Хаукар Трастарсон доаѓа како засилување на средната бековска позиција и ќе му прати друштво на Игор Карачиќ.
Левото крило Анхел Фернандез најверојатно останува и следната сезона, а отворена е потрага по втор играч на оваа позиција.
Висла Плоцк исто така ќе има големи измени во ростерот. Сигурно заминуваат Ренато Сулиќ (крај на кариера), Матеуш Пиечовски, Јерко Матулиќ и Жига Млакар, а се уште не е јасен статусот на Константин Игропуло, кој беше поврзуван со ЦСКА Москва. Kонечно ќе заврши кошмарот на чешкиот репрезентативец Ондреј Здрахала, којреши да си замине на лето, поради тоа што ретко добиваше шанса од Чави Сабате.
Во тимот на Сабате доаѓаат Мирсад Терзиќ од Веспрем, како Давид Фернандез од Адемар Леон, додека пикерската позиција би требало да ја пополнат Абел Сердио од Барселона и Давид Давидик од Азоти Пулави.