Ракометарите на Веспрем ја прекинаа серијата од три натпревари без победа во Лигата на шампионите и во 13. коло на домашен терен го совладаа водечкиот на табелата Келце со 35:33.
Гостите го имаа почетното водство, Келце поведе со 2:4 во 5. минута. Следуваше период на игра гол за гол сè до 13. минута кога Штрлек погоди за израмнување на 8:8. Првото водство Вепсрем го имаше во 21 минута кога Лигетвари реализираше за 12:11.
До крај на првиот дел Веспрем го контролираше резултатот и на полуврме замина со два гола позитива. Избраниците на Момир Илиќ имаа водство од 18:16. На стартот на вториот дел Вујовиќ и Олејничак донесоа ново израмнување со два брзи гола за Келце, а серијата продолжи и гостите одново беа во позитива.
Веспрем не дозволи тимот на Душебаев да се одлепи, а во последните 15 минути домашниот тим целосно имаше контрола на теренот. Во 49. минута Сипос донесе највосоко водство од три гола кое до крајот без поголеми Веспрем го сочува и славеше победа.
Најефикасни во побеничкиот тим беа Кентан Мае и Петар Ненадиќ со по шест погодоци. Дејан Манасков не беше во составот на Веспрем за овој меч. Во тимот на Келце најефикасни беа Дилан Нахи и Алекс Душебаев со по шест гола.