Раководството на Келце објави дека левото крило Матеуш Јахлевски нема да го продолжи договорот со клубот поради семејни причини. Талант Душебаев сметаше на Јахлевски и за наредната сезона, но ќе мора да бара ново лево крило.
Анхел Фернандез има договор со Келце до 2021 и тој ќе биде главната опција на левата крилна позиција, а се очекува шанса да добие младиот 17-годишен Цезар Сиргуел. Тој е младински репрезентативец на Полска и се смета за голем талент и иднина на полскиот ракомет.
„Веројатно ќе останеме со постоечкиот ростер на играчи на левата крилна позиција. Втората помалку реална опција е да ангажираме нови играч за наредната сезона. Французинот Дилан Нахи од ПСЖ ќе дојде во Келце од летото 2021 година, а во меѓувреме нема левокрилен играч на пазарот во Полска на кој наскоро му истекува договорот“, изјави претседателот на Келце, Бертус Сервас.
Претходно како засилување на лево крило во Келце се споменуваше Пјотр Јарошевич од Азоти Пулави, но претседателот на клубот одреди превисока цена и нема ништо од реализација на тој трансфер.