Вардаровата легенда Игор Карачиќ ја одработува третата година од договорот со полскиот шампион Келце.
Претседателот на Келце, Бертус Сервас, во интервју за „Спорт ТВП“, откри дека во случајот на Карачиќ се уште ништо не е јасно. Понуден му е нов договор, но веројатно со полоши услови од претходниот.
„Во случајот на Карачиќ, ништо не е одредено. На пример Игор ќе остане. Но под кои услови? Колку долго? Дали тој ќе ја прифати нашата понуда? Дали неговиот менаџер ќе ја прифати? Кои други можности ги има Игор? Ако има понуда од друг клуб со повеќе пари, тој ќе дојде и ќе каже – Сакам таков договор и толку пари. Тоа се навистина тешки и долги преговори, особено со играчи од таков тиип. Мора да биде тактичен, со кој да зборувате прво, со кој подоцна. Мора секогаш да имате план Б. Што ако Игор не ја прифати нашата понуда? Ние имаме многу играчи, но само 20 можат да играат. Сакам ова да го решам и двете страни да добијат – клубот да не губи пари, а играчите да може да играат и развиваат“, вели Сервас.
Хрватскиот репрезентативец во Вардар помина седум сезони по доаѓањето од Босна, и стана миленик на навивачите. Со „црвено-црниот“ освои две титули во Лигата на шампионите, а тренерот Веселин Вујовиќ во неодамнешно интервју откри дека радо би го видел повторно во Вардар.