Келце му даде плакета и му се заблагодари на Ремили (ФОТО)

Екс ракометарот на Келце, Недим Ремили на вчерашниот одигран натпревар меѓу полскиот шампион и Алборг беше присутен на трибините во спортската сала „Легионов“.

Раководството на Келце со плакета му се заблагодари на францускиот репрезентативец за неговиот придонес во изминатите четири месеци, во кои тимот на Талант Душебаев забележа одлични резултати во Лигата на шампионите.

Ремили во редовите на Келце пристигна на почетокот на оваа сезона од ПСЖ, но одлучи да го напушти полскиот гигант поради финансиската криза.

Унгарскиот вицепрвак Веспрем најмногу го одврза ќесето за ангажирање на средниот бек од Келце и успеа да го донесе во своите редови.

Веспрем за трансферот на Ремили на Келце му плати обештетување од 1.000.000 евра.

Искусниот ракометар на Светското првенство во Полска и Шведска беше прогласен за најдобар среден бек.