Покрај Струшкиот турнир и оној во Добој, и унгарските тимови Веспрем и Татабања ќе организираат силни подготвителни турнири пред стартот на новата сезона.
Во Татабања, покрај домаќинот ќе играат уште три екипи – Веспрем, Загреб и Висла Плоцк, по системот полуфинале и финале. Во полуфиналето ќе играат Висла против Веспрем, а Татабања против Загреб.
Турнирот „Мол Куп“ ќе се игра на 19 и 20 август, а ќе биде единствена шанса за Татабања за натпревари со странски екипи со оглед на тоа што овој тим нема да игра во европските купови следната сезона.
Во Веспрем, на 28 и 29 август, домашниот тим ќе ги пречека бундеслигашите Кил и Фленсбург, како и финалистот на Лигата на шампионите, полскиот Келце.
Како и во Татабања, така и во Веспрем ќе се игра по системот полуфинале и финале. Во првиот полуфинален довобој ќе играат Веспрем и Фленсбург, додека Кил и Келце ќе се соочат во второто полуфинале.