Келце и Висла Плоцк казнети со 30.000 евра!

Последниот меч од полскиот шампионат, на кој Келце ја победи Висла со 27-24 и ја освои титулата, двата тима ќе ги чини многу пари.

После скоро месец и половина од „светата војна“, полската федерација ги казни Келце и Висла Плоцк по 70.000 полски злоти, односно повеќе од 15.000 евра.

Клубот од Плоцк е казнет за критики за официјалните лица од страна на тренерот Сабате, спортскиот директор Вишњевски и претседателот Становски.

Келце е казнет поради вулгарниот банер на навивачите, како и поради палењето на знамето на Висла Плоцк.

Домаќинот на овој натпревар, Келце, доби казна и за слаба организација.