Полскиот шампион Келце објави дека има дури седум позитивни ракометари на Ковид-19 и нема да патува за Париз на дуелот од Лигата на шампионите против ПСЖ.
По двата меча со Вардар, вкупната бројка на позитивни случаи во двата тима е 19. Останатите играчи на Келце кои добија негативни тестови сепак ќе продолжат во изолација десет дена.
Келце досега ги одигра сите натпревари во ЛШ, а овој со ПСЖ ќе им биде првиот што е одложен. Претходниот викенд исто така им беше одложен дуелот со Азоти Пулави од полскиот шампионат.
Од групата А од Лигата на шампионите сега остануваат да се играат уште два меча – меѓу Мешков Брест и Елверум, како и оној меѓу Фленсбург и ПИК Сегед
Корона блокада за Вардар: Без натпревари до крај на годината – има дури 12 позитивни!