По турнејата во Унгарија, ракометарите на Келце заминаа на нова во Германија, каде што одиграа два натпревари.
На првиот натпревар помалку неочекувано избраниците на Талант Душебаев загубија од Фуксе Берлин со осум разлика, 35-27, а најголем виновник за високиот пораз беше голманот на „лисиците“ Дејан Милосављев.
Но сепак Келце се враќа со една победа од Германија, откако го победи тимот на Лајпциг со 32-29. И на овој дуел гостите имаа големи проблеми и дури во финишот го скршија отпорот на бундеслигашот.
Сега Келце ќе се посвети на полскиот Куп и на шампионатот пред стартот на Лигата на шампионатот.